Прогласени најдобрите на првиот меѓународен турнир „ИЛИНДЕН КУП 2023“ (видео)

Првиот меѓународен фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2023“ кој изминативе денови се одржа во Општина Илинден а во организација на една од најпрепознатливите фудбалски академии во Македонија – фудбалската школа „Грозданоски“, на вистински начин потврди дека Македонија добива детски турнир кој низ годините кои доаѓаат треба да биде препознатлив знак на македонскиот фудбал.

Повеќе од 1000 млади фудбалери, на возраст од 8 до 12 години, и 120 возрасни екипи од околу 50 клубови од Белгија, Србија, Бугарија, Романија и секако домаќинот Македонија, на извонреден начин фудбалски го заживеаја македонскиот детски простор со настан кој за првпат на ваков начин, и со беспрекорна организација, го привлече вниманието на фудбалските вљубеници од Македонија и регионот.

DCIM100MEDIADJI_0045.JPG

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, како и фудбалските легенди Илија Најдоски, Вујадин Станојковиќ и Влатко Гроздановски им ги доделија наградите и пехарите на најдобрите екипи по тридневните натпревари на терените во Марино и Кадино.

„Илинден уште еднаш се покажа како одличен домаќин за вакви спортски натпревари, кои и во иднина ќе се организираат во нашата Општина. Ја имав честа, заедно со селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, фудбалските легенди Илија Најдоски, Вујадин Станојковиќ и Влатко Гроздановски да ги доделиме наградите и пехарите на најдобрите екипи“ – истакна градоначалникот Георгиевски на завршниот ден од „Илинден Куп 2023“.

ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ НА „ИЛИНДЕН КУП 202“
КАТЕГОРИЈА – 2012 ГОДИНА
1. „Бершот“ – Белгија, 2. „Форца“ – Македонија, 3. „Титан“ – Србија
КАТЕГОРИЈА – 2013 ГОДИНА
1. „Партизан“ – Србија, 2. „Реал Лазаревац“ – Србија, 3. „Галакси“ – Романија
КАТЕГОРИЈА – 2014 ГОДИНА
1. „Партизан“ – Србија, 2. „Биџо“ – Македонија, 3. „Раднички Крагуевац“ – Србија
КАТЕГОРИЈА – 2015 ГОДИНА
1. „Војводина“ – Србија, 2. „Андерлехт“ – Белгија, 3. „Грозданоски“ – Македонија
КАТЕГОРИЈА – 2016 ГОДИНА
1. „Тампа кидс Брашов – Романија, 2. „Бершот“ – Белгија, 3. „Грозданоски“ – Македонија

Се вчитува...