Пројковска ќе го суди мечот Лион-Арсенал

Нема одмор за нашата најдобра судијка, интернационалката Ива Пројковска. Туку што се врати од Швајцарија, пред тоа судеше и во Португалија, повторно доби ново признание од Судиската комисија за женски фудбал на УЕФА.

Таа на 19 октомври ќе биде главен судија на мечот од групната фаза во Лигата на шампионите меѓу францускиот клуб Лион и Арсенал од Лондон. Ќе и помагаат Елена Соклевска-Илиевска и Вјолца Изеири. Четврти судија ќе биде Ирена Велевачковска.

Ива Пројковска, на списокот на женските фудбалски гиганти на кои им има судено, на Барселона, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, сега го додаде и името на Арсенал/ММ/.

Се вчитува...