Натпреварот од 21. коло во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Гостивар и Работнички место во Гостивар, ќе се игра во Скопје.
Управата на КК Гостивар ја информираше дека дуелот кој треба да почне од 14 часот ќе се игра во салата „Независна Македонија“ во Скопје, поради тоа што прокисна салата „Младост“ во Гостивар каде нема услови за одигрување на натпреварот поради обилните дождови кои го зафатија градот изминатава ноќ и денеска.
Работнички ќе ја има фаворитската улога на дуелот, а Гостивар ќе се обиде да дојде до изненадување во пресрет на последното коло од регуларниот дел на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА