1 мај е проклет за Формула 1. Денеска се навршуваат 26 години од трагичната несреќа на легендарниот бразилски формула 1 шампион Аиртон Сена. Сена загина на 34. годишна возраст откако ја загуби контролата на својот болид при брзина од 300 километри на час и удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола. Ден претходно во квалификациите на истиот свиок животот го загуби и Австриецот Роланд Раценберг.
Сена беше трикратен светски шампион во Формула 1, а во 2009 година од страна на британскиот автомагазин „Автоспорт“ беше прогласен за најдобар возач на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА