Проклетството на Меси – 11 шутеви без гол

При самиот избор на стартните единаесет фудбалери на селекторот Сампаоли беше јасно дека товарот во играта на „гаучосите“ целосно ќе падне врз Лионел Меси.

Вообичаено тоа не му пречи, но Меси денеска не беше на висина на задачата, премногу се истроши во акциите на центарот од теренот, па немаше енергија акциите да ги завршува онаму каде што вообичаено е најопасен. Промаши и пенал, што за него е четврти нереализиран удар од белата точка од последните седум за Барса и Аргентина, па прашање е дали ќе продолжи да ги изведува доколку Аргентина добие уште некој до крајот на мундијалот.

А не дека не се обидуваше, Меси го заврши мечот со дури 11 удари кон противничкиот гол (аргентински рекорд на еден мундијалски натпревар), со што стана прв фудбалер по пауза од 44 години кој на еден мундијалски меч шутнал десет пати, но не успеал да се запише меѓу стрелците.

Последниот кому тоа му се има случено е италијанскиот ас Џиџи Рива, кој имаше двоцифрен број на шутеви на СП 1974 против Хаити, но не успеа да ја затресе мрежата на противникот.

Се вчитува...