Пролет ја забележа и втората победа на стартот од сезонава, триумфирајќи на домашен терен против Астраион со резултат 32-24. Струмичани успеваа да парираат само во првите петнаесетина минути, по што домашните ракометари го скршија нивниот отпор и стигнаа до планираните бодови.
Избраниците на Матлиески имаа проблеми со нападот, во првите пет минути не постигнаа ниту еден погодок, а првото водство го имаа во 10. минута од мечот (4-3). Пред крајот на полувремето домаќините заиграа подобро во одбраната, што им овозможи резултатски да се одлепат и да заминат на одмор со 14-10. Вториот дел почна со брутален старт на Тасковиќ за што гостинскиот ракометар доби црвен картон, по што Пролет рутински ја зголемуваше предноста. Матлиески за момент ги повлече стартерите, предноста се врати на „плус пет“, по што најдобрите ракометари на Пролет рутински го приведоа мечот до крај и конечните 32-24 .
Александар Василевски одигра одличен меч за домашниот тим постигнувајќи двет погодоци, исто толку имаше и Палевски, додека Димов реализираше четири гола. Кај Астраион најефикасен беше Караиванов со осум погодоци.
Во оваа група А победи забележаа и Струга и Радовиш. Стружани славеа со 22-20 во дуелот со Јуниор КВ, а Радовиш го совлада составот на Голден Арт КЛ7 со 33-29.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА