Пролет без проблеми до триумф на гостувањето кај Радовиш

Ракометарите на Пролет стигнаа до сигурен триумф на гостувањето кај Радовиш со 21-27 во 8. коло во Суперлигата на Македонија.

Тинекс Пролет од самиот почеток го диктираше темпото на дуелот, поведувајќи со 1-3 од раната фаза на мечот. Домашните ракометаи само за момент успеаја да се вратат, но набрзо потоа следеше нова серија на избраниците на Андон Бошковски. Тинекс Полет во неколку наврати имаше по три гола предност во првото полувреме, но не успеваше уште повеќе да се одлепи, не реализиајќи неколку зицери во нападт. Радовишани пак се вратија, но одличен на голот на Пролет беше Петковски, кој со одбранет пенал и зицер спечи израмнување. Наместо тоа, следеше гол на Џонов на спротивната страна, со што Тинекс Полет замина на одмор со водство од 9-12.

Пејовиќ ги презеде работите во свои раце на почетокот од второто полувреме, Петковски на голот одбрани уште еден пенал, па Тинекс Пролет набрзина поведе со 11-16, принудувјќи го домашниот тренер на тајмаут. Домаќините влегоа во мини-серија, намалија на 15-17, но потоа во ист напад останаа со двајца играчи помалку, по што гостите од Скопје набрзина се вратија на „плус пет“ (15-20), пред тренерот на Радовиш да побара нов тајмаут. Овојпат домашните ракометари немаа сили за камбек, Пролет се одлепи уште поубедливо, но на десет минути пред крајот незгодна повреда зааботи Жарко Пејовиќ, кој се лизна при една акција без контакт со противнички играч, по што мораше предвеме да го заврши мечот. Триумфот очекувано не беше доведен во прашање, па Тинекс Полет заслужено славеше со убедливи 21-27.

Дејан Пецаковски со девет гола беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените седум постигна Александар Вујниќ.

Се вчитува...