Охрабрени по големиот триумф над Металург во првото коло, ракометарите на Пролет најавуваат добра игра и победа и на првото гостување во рамките од плејофот, денешниот меч во Битола против Еурофарм Пелистер 2 закажан за 16 часот во Битола.
Самодовербата е на највисоко ниво, но ракометарите на Тинекс Пролет со голем респект гледаат на денешниот ривал, кој во првото коло загуби на гостувањето против шампионот Вардар.
„Против себе имаме квалитетен противник што во никој случај не смее да биде потценет. Цела недела се подготвуваме, детално го анализираме денешниот ривал. Според мене клучно ќе биде да се запре нивната бековска линија, околу која се врти се во играта на Пелистер 2. Рецептот со кој го победивме Металург може да биде наша добитна комбинаација и во Битола, важно е да одиграме цврсто во одбраната и трпеливо во нападот како на тој премиерен дуел на кој забележавме огромна победа. Полни сме со самодоверба, но исто така сме и свесни дека ова е само почеток и не смееме да си дозволиме опуштање. Напротив, сакаме победата над Металург да ја потврдиме и со бодови во Битола“, изјавува Давор Палески, крилниот ракометар кој сезонава е еден од најдобрите стрелци на Тинекс Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА