Пролет брутално и се одмазди на Струга, Охрид сигурен со Прилеп

Уште два натпревари вечерва во 14. коло од Суперлигата на Македонија во ракомет.

Ракометарите на Тинекс Пролет целосно и се одмаздија на Струга за поразот во првата сезонска меѓусебна пресметка, сега во 14. коло од Суперлигата на Македонија, убедливо славејќи со 38-26. Исклучутелно два важни бода со кои Пролет останува во игра за плеј-офот во домашното првенство.

Уште на стартот од натпреварот преку разиграните Стојановски и Бакар се создаде предност во 25. минута од 16-10 со што веќе беше најавена победата на натпреварот. До крајот на полувремето, гостите повторно успеаја да ја намалат предноста, за 18-14 на паузата.

Избраниците на Александар Јовиќ и низ првите минути од второто полувреме во континуитет ја одржуваа предноста, за да комплетниот отпор на Струга се скрши целосно низ последните 15 минути кога се дојде до убедливата победа од 12 гола разлика (38-26).

Најдобри поединци кај домашните беа Андреј Стојановски и Мохамед Бакар со по шест постигнати гола, а со по пет постигнати погодоци натпреварот го завршија Ласко Андоновски и Томислав Димковски. Кај Струга се издвои Ненад Костоски со осум гола,а Богдан Мијушковиќ натпреварот го заврши со пет погодоци.

Охрид, пак, убедливо со 38-28 славеше против Прилеп во натпревар во кој охриѓани уште во првото полувреме имаа предност од 19-16. Најефикасен кај Охрид беше Тасески со 10 гола, додека Рајатовски постигна шест погодоци за Прилеп.

Се вчитува...