Пролет доби на сигурност, па ја растури Струга

Ракометарите на Пролет благодарение на извонредната одбрана стигнаа до убедлив триумф над Струга од 23-15, славејќи над директниот ривал во трката за пласман во плејофот. Избраниците на Матлиески го оставија зад себе разочарувањето од поразите од КЛ7 и од Охрид, беа посилни и од заморот по четвртиот натпревар за осум дена, во голем стил триумфирајќи над стружани.

Гостите успешно парираа во првите дваесетина минути, период во кој во неколку ситуации имаа и водство, за Пролет подобро да го заврши полувремето и на одмор да замине со водство од 12-10. Тоа беше се што ракометарите на Струга успеаја да сторат на овој натпревар, бидејќи Пролет одигра супериорно во второто полувреме, во кое гостите постигнаа само пет погодоци, а домаќините знаеја како да ја зголемат предноста до конечните „плус осум“.

Давор Палевски беше најефикасен и на овој натпревар со девет постигнати гола, капитенот на Пролет, Ласко Андоновски беше стрелец на пет погодоци, додека кај Струга по три гола постигнаа Николиќ, Димитријески и Јанкуловски.

Се вчитува...