Пролет ги испрати во пензија Мајнов и Даскалоски

Раководството на Пролет приреди убав гест пред почетокот на дуелот со Струга, со пригодни подароци испраќајќи ги во играчка пензија доскорешните ракометари на клубот, Доне Мајнов и Златко Даскаловски.

Мајнов повеќе од една деценија ги бранеше боите на Пролет, а од почетокот на оваа 2026 година ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб.

Даскаловски, кој во кариерата бранеше за бројни македонски клубови, ги мина последните 18 месеци во скопскиот суперлигаш а во договор со управата тој остана во клубот, како тренер на голманите во првата екипа, но и за работа со чуварите на мрежата во младинските тимови на Пролет.

Подароците беа врачени од долгогодишниот претседател на РК Тинекс Пролет, Душко Кадиевски, како и поомшниот тренер Петар Тотиќ, кој исто така долги години е дел од овој клуб.

Се вчитува...