Пролет и Алкалоид во битка за последното место за Ф4 турнирот во Купот на Македонија

Пролет и Алкалоид ќе играат во последната финална пресметка од четвртфиналињата во битката за последното место кое води на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

На четвртфиналниот турнир кој се игра во салата во Автокоманда, Скопје, Пролет рутински славеше против Партизан Гевгелија со 43-28 и закажа финале против Алкалоид вечерва од 20 часот кое ќе одлучи кој ќе оди на Ф4 турнирот во Купот.

Алкалоид, кој е бранител на трофејот во Купот од минатата година, пак, претходно рутински со 37-12 славеше против Мулти Есенс.

На Ф4 веќе се пласираа Вардар, Е. Пелистер и Охрид.

Се вчитува...