Ракометарите на Пролет забележаа победа од 33-27 на дуелот со Струга, со што тимот на Александар Јовиќ победнички ја заврши оваа натпреварувачка сезона. Скопскиот тим ја имаше улогата на фаворит во пресрет на овој дуел, нешто што целосно го оправда на теренот со максимална контрола над играта и резултатот.
Уште од самиот почеток стана јасно дека Пролет лесно ќе стигне до бодовите, откако цврстата одбрана и ефикасниот напад овозможија по нецели четири минути игра домаќините да поведат со 4-1. Позитивата набрзо скокна и на „плус пет“ (6-1), а нешто подоцна Пролет имаше и шест гола предност (12-6). На одмор се замиина со 20-14, а удобната предност овозможи Јовиќ да им даде шанса на помладите ракометари кои ја оправдаа довербата, контролирајќи го резултатот до самиот крај и конечните 33-27.
Филип Крстески и Андреј Стојановски беа најефикасни во победничкиот тим со по пет погодоци, по четири постигнаа Тотиќ, Андоновски и Палевски, додека прв стрелец на Струга во вечерашниот пораз беше Тренчевски со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА