Ракометарите на Пролет рутински славеа на гостувањето против Прилеп со убедливи 27-40, за петта победа во низа на избраниците на тренерот Матлиески. Охрабрени од добрите настапи во последно време, играчите на Пролет знаеја како да ја оправдаат фаворитската улога што ја имаа на овој меч, одиграа подобро од противникот и заслужено прокнижија нови бодови.
Само десетина минути игра беа доволни за гостите од Скопје да поведат со четири гола разлика (2-6), позитива што потоа дополнително ја зголемуваа. На одмор се замина со резултат 13-19, а Пролет првата двоцифрена предност ја имаше кога поведе со 17-27. Финишот беше рутина за гостинскиот состав, кој знаеше како да ја одржи убедливата позитива до самиот крај и конечните 27-40.
Мајнов и Трајковски ги предводеа стрелците на гостинскиот тим со по седум погодоци, а прв стрелец на Прилеп при денешниот пораз беше Бозароски со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА