Пролет обезбеди пласман во финалето од групната фаза од Купот на Македонија откако денеска лесно триумфираше на полуфиналниот дуел против Прилеп со резултат .
Гостинските ракометари само во првите десетина минути успеаја да му парираат на фаворитот, одржувајќи ја негативата до еден гол (7-6). Потоа следеа четири гола во низа на домаќините, кои лесно се одлепија резултатски, на одмор заминувајќи со резултат 20-12. Со двата гола на Василевски домашниот тим поведе и со двоцифрени 22-12 на самиот почеток од второто полувреме, одржувајќи ја удобната предност се до конечните 34-25.
Михаил Аларов и Александар Василевски со по седум гола беа најефикасни во победничкиот тим, шест погодоци постигна Палевски, додека кај прилепчани први стрелци при денешниот пораз беа Рустамов и шест и Трајкоски со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА