Ракометарите на Пролет без многу мака славеа на гостувањето во Велес против Борец со 24-36, во последниот натпревар од петтото коло во Супер-лигата. Мечот се играше во среда поради настапот на Пролет во ЕХФ-купот, а елиминацијата од Карвина во Чешка само дополнително ги мотивираше избраниците на тренерот Матлиески да прикажат добра игра и да стигнат до својата втора победа сезонава на домашната сцена.
Гостите од Скопје уште во раната фаза на натпреварот поведоа со 2-5 и потоа до крајот не дозволија разликата да се спушти под три гола. Пролет на полувреме замина со водство од 13-17, за потоа оваа екипа фуриозно да го почне вториот дел со серија од 1-8, па набрзина поведе со 14-24. Остатокот од мечот беше рутина за гостите, кои знаеја како да го исконтролираат резултатот и на крајот славеа со конечни 12 гола разлика.
Џонов одигра извонреден натпревар за Пролет постигнувајќи 11 погодоци, а исто толку голови на спротивната страна реализираше Минов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА