Пролет на мегдан со Куманово: Фаворитската улога да се оправда на терен

Ракометарите на Пролет го оставаат зад себе тешкиот распоред во кој за три дена им гостуваа на шампионот Еурофарм Пелистер и на вицепрвакот Вардар.

Денеска во салата „Македонско Сонце“ со почеток во 18.30 часот гостува Куманово, дуел на кој Пролет без дилема ќе атакува на триумф и ново бодови за суперлигашката табела. Кумановци имаат две победи во првите шест рунди (против Борец и Струга), јасен знак дека овој ривал не смее да биде потценет ако се сака да се стигне до посакуваниот резултат.

„Во изминатите денови се подготвувавме за овој натпревар и верувам дека во добра форма ќе го дочекаме Куманово. Начинот на кој игравме со Вардар е предзнак дека формата се движи во нагорна линија, но сега доаѓа дел од сезоната во која треба да победуваме и да собираме бодови за да ги оствариме зацртаните цели на клубот. Верувам дека квалитетот е на наша страна на денешниот натпревар, но ќе мораме да одиграме максимално и тоа да го потврдиме на теренот. Ако го сториме тоа и играме како што знаеме, ќе успееме да триумфираме“, изјави десниот бек Мохамед Тарик Бахар.

Се вчитува...