Металург е вториот патник на фајналфор турнирот од Купот на Македонија, откако актуелниот вицешампион триумфираше во четвртфиналната група на која беше домаќин во салата „Автокоманда“.
По вчерашниот рутински триумф над Вардар јуниор, избраниците на Александар Јовиќ овојпат наидоа на посериозен отпор од тимот на Пролет, на крајот сепак триумфирајќи со 29-24. Гостите на овој натпревар изненадија со подобра игра во првиот дел од првото полувреме, имаа и водство од 5-7, но потоа загубија здив, а Металург знаеше како да го искористи тоа. На одмор се замина со водство на „металурзите“ од 13-11, на почетокот од второто полувреме предноста беше зголемена на „плус четири“ (19-15), по што домашниот тим искусно го контролираше резултатот до самиот крај.
Халил Јагањац беше во главна улога со десет погодоци, два повеќе од Филип Кузмановски. Одличен натпревар кај Пролет одигра Мартин Манасков, реализирајќи девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА