Пролет немаше сила за изненадување против Пелистер

Пелистер триумфираше на гостувањето кај Пролет со 21-25 и остана се уште во игра за титулата во ракометната Суперлига. Поголемиот дел од првото полувреме мина во егал, а гостите од Битола успеаја во последните пет минути да се одлепат и на пауза да заминат со предност од плус два 12-14.

Во вториот дел „пелистерци“ успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до нов триумф со кој повторно се израмнуваат на врвот на табелата со Вардар.

Јосип Периќ со девет гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Жарко Пејовиќ заврши со пет гола.

Се вчитува...