Фаворитите забележаа победи на натпреварите од 19 часот во ракометната Суперлига на Македонија. Пролет натпреварот со Кисела Вода го почна фуриозно и во првиот дел имаше и огромни плус единаесет 2-13. До крајот на првиот дел гостите се опуштија и на пауза се замина со 7-15. Во второто полувреме тимот на Кисела Вода успеа да го ублажи поразот за конечни 20-26. Давор Палевски со 7 гола беше најефикасен на натпреварот кај победникот, а кај поразените Немања Милутиновиќ постигна 8 гола.
Бутел се мачеше 40-тина минути против Работнички, а потоа стигна до убедлива победа од 23-33. Домаќините одиграа одлично прво полувреме во кое беа „егал“ со фаворитот, а по 30. минути резултатот на семафорот изнесуваше 15-15. Бутелци успеаја да го скршат отпорот на противникот дури на средината на второто полувреме кога направија серија од 7-0 и успеаја да стигнат до позитива од 19-26. До крајот разликата само се зголемуваше за конечни 23-33. Мирко Мајиќ со 8 гола беше прв стрелец кај Бутелци.
Од фаворитите најлесно помина Охрид кој уште од самиот старт го контролираше мечот против младиот тим на КЛ 7 и на крајот стигна до конечен триумф од 23-29. Кривокапиќ со 7 гола беше најдобар во победничкиот табор, додека кај КЛ7 се истакна Игор Ѓоргиев со 5 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА