Ракометарите на Тинекс Пролет под водство на тренерот Никола Матлиески денеска и официјално ги стартуваа подготовките за наредната сезона. Скопскиот суперлигаш се врати на клупската политика тимот да го базира исклучиво на македонски ракометари, а целта останува иста како и во претходните сезони – најпрвин влез во плејофот, а потоа и атак на едно од местата кои значат влез во европските купови.
Пролет летово ангажираше две квалитетни засилувања, Дејан Пецаковски и Давор Палески. Овој клуб реши да го откаже учеството на традиционалниот турнир во Струга поради опасноста од коронавирусот. Тренерот Матлиески и неговите избраници првиот дел од подготовките ќе ги одработат во Скопје, по што на средината од месецот експедицијата ќе замине на висински подготовки во Маврово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА