Пролет подобар од Куманово, Бутел без проблеми против Е. Пелистер 2

Ракометарите на Пролет ја запишаа и третата победа во домашниот шампионат откако денеска во меч од 5. коло славеа на домашен терен против МРК Куманово со 24-22.

Двата тима во свој стил го отворија мечот. Силната одбрана го красеше првиот дел по кој тимот од скопската населба имаше минимална предност од 12-11. Во вториот дел се играше гол за гол, а во последната минута Пролет влезе со минимална предност од 23-22. Никола Стоилевски прецизно стрелаше и донесе победа за својот тим од 24-22.

Андовски, Стојановски и Палевски со по пет гола беа најефикасни кај домаќинот, додека кај Куманово шест гола постигна Александар Стојков.

Во вториот меч од програмата од 18 часот Бутел без поголеми проблеми славеше против Е. Пелистер 2 со 36-29. Филип Николов со 11 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Махфуд.

Се вчитува...