Раководството на РЛ Пролет продолжува да ги засилува своите редови за вториот дел од сезоната, ангажирајќи двајца нови млади ракометари во својот табор.
Стефан Јовевски е нов член на скопскиот суперлигаш откако беше потпишан договор за соработка со овој 19-годишен ракометар. Јовчевски настапува на позицијата пивот и досега беше член на тимот на Бутел, од каде му се приклучува на Пролет.
Покрај него, договор со овој клуб потпиша и Јован Фичорски, ракометар кој претходно беше дел на младинската екипа, а имаше и настапи за првиот тим на Пролет. Тој мина неколку месеци во редовите на Скопје, но од вчера повторно се врати во старото јато.
За потсетување, Пролет во претходните денови потпиша договори и со пивотот Стефан Атанасовски и крилото Никола Стоилевски, кои ќе му бидат на располагање на тренерот Матлиески за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА