Пролет пресилен за Тиквеш, Куманово слави над Радовиш

Екипата на Тинекс Пролет дојдоа до триумф во првиот меч од новата сезона во ракометната Суперлига, откако го совладаа тимот на Тивкеш со 22-19. Гостите немаа решение за Никола Стоилевски кој постигна седум голови од осум обиди, и беше клучна фигура во оваа победа.

Во првите моменти се играше гол за гол, а првата предност Пролет ја направи во 21. минута кога поведе со 9-5. Во еден миг домашните имаа и 11-6, но потоа и гостите успеаја да направат серија, па на полувреме се замина со 12-10 за домаќинот. Во вториот дел Тиквеш не му дозволуваше на противникот да се одлепи, но после 15-15, со три гола Пролет дојде до добра предност, која ја одржуваше до крајот на мечот.

Куманово славеше триумф со 34-32 над Радовиш, благодарение на пресвртот во последните седум минути. Имаше предност Радовиш од 29-30, но потоа три гола едноподруго за Куманово со кои дојдоа до предност, која ја одржаа до самиот крај.

Најефикасен беше Тоше Ончев кој постигна 10 голови, кај Радовиш најдобар беше Здравко Постолов со девет.

Е.Пелистер 2 триумфираше на гостувањето кај Прилеп со 29-32. Христијан Митревски со дест гола кај победничкиот тим беше најдобриот, а исто толку голови постигна и ракометарот на Прилеп, Димитар Димитриоски.

Се вчитува...