Ракометарите на Пролет лесно стигнаа до триумф на домашен терен против Бисинов фрут ленд (30-19), прва победа за тимот на Александар Јовиќ во новата натпреварувачка сезона. Како што најавија и пред мечот, избраниците на Јовиќ извлекоа поука од неочекуваниот пораз во Струга минатиот викенд, одиграа квалитетен меч и заслужено стигнаа до цел плен на овој дуел.
Гостите подобро го отворија мечот, стигнаа до предност од 2-4, имаа и напад за „плус три“, но тоа беше се што велешани попладнево направија во салата „Македонско Сонце“. Пролет набрзина направи серија од 3-0 и поведе со 5-4, а последен пат резултатот беше израмнет при 5-5. Домаќините додадоа гас и на одмор заминаа со предност од 14-10, а потоа за неколку минути од вториот дел и до 16-10. Одбраната функционираше беспрекорно, во нападот Бахар ја полнеше мрежата на гостите, во голгетерски ритам во вториот дел влезе и младиот Стојановски, па на девет минути до крајот домаќините имаа водство од осум гола (25-17). Ракометарите на Јовиќ рутински го одработеа финишот, на крајот триумфирајќи со конечни , за прва победа сезонава.
Десниот бек Бахар со осум гола беше главна фигура на овој натпревар, шест погодоци постигна Василевски, а четири Стојановски.
Победата е добредојдена за тимот на Александар Јовиќ ако се знае дека во следните две кола Пролет го очекуваат пресметки со Е. Пелистер и со Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА