Пролет рутински славеше над Тиквеш

Тинекс Пролет рустинскси триумфираше над Тиквеш со резултат 32-28, реванширајќи му се на кавадаречкиот суперлигаш за поразот претрпен во Кавадарци пред неколку дена. За разлика од тој меч, избраниците на Матлиески останаа максимално сконцентрирани во второто полувреме, не дозволувајќи му на Тиквеш да се врати резултатски  како што тоа беше случај во салата „Јасмин“.

Дуелот почна со доминација на Тинекс Пролет, откако домашните ракометари уште од раната фаза наметнаа силно темпо во нападот што гостите од Кавадарци не успеаја да го следат. Тинекс Пролет по 20 минути игра имаше предност од 14-8, за пет минути подоцна да стигне и до „плус девет“ (17-8) и на одмор да замине со предност од осум гола (20-12).

Ваквата позитива беше рутински одржана во првите петнаесетина минути од второто полувреме, па во 45. минута резултатот гласеше 28-19 за домашниот тим. Удобната предност придонесе во финишот да дојде до мало опуштање што гостите го искористија за да стигнат до поблаг пораз, изразен со конечни четири гола разлика (32-28).

Се вчитува...