Пролет рутински со Радовиш за втора победа на стартот од сезонава

И втора победа за ракометарите на Пролет на стартот од новата сезона во Суперлигата на Македонија. Во 3. коло од шампионатот пред своите навивачи славеа со 27-24 (14-13) против екипата на Радовиш.

Натпреварот почна израмнето, низ игра гол за гол во првите десет минути од средбата. Пролет првпат дојде до предност од два гола разлика во 15. минута кога се стекна со водство од 10-8, а потоа и до 11-8.

На две минути до полувремето беше и 14-11, но гостите со два едноподруго погодоци успеаја на пауза да заминат само со еден гол негатива (14-13).

И, во второто полувреме вистински доминантна игра на домашните ракометари кои низ првите седум минути од вториот дел со фуриозен старт дојдоа до 17-13. Веќе во 40. минута беше и 20-14, по што веќе се навести победникот на натпреварот.

Низ продолжението ракометарите на Пролет продолжија со одржување и зголемување на предноста, на 15 минути пред крајот и со водство од 23-16. Радовишани се обидоа во финишот да се вратат во игра, но неуспешно на крај за победа на Пролет од 27-24.

Најефикасен во победничкиот тим беше Давор Палевски со седум гола, Андреј Стојановски запиша шест погодоци а пет гола постигна Никола Стоилевски. Три погодоци зад своите име има Марко Трајковски, два забележа Доне Мајнов, а по еден Јовевски, Глигоров, Димковски и Мишевски. Кај Радовиш се издвои Здравко Постолов со седум гола, а четири гола запиша Каковски.

Се вчитува...