Никола Матлиевски повеќе не е шеф на стручниот штаб на РК Тинекс Пролет, откако двете страни спогодбено ја прекинаа соработката.
Матлиевски четири години беше член на Тинекс Пролет, помагајќи тимот да оствари добри резултати на домашната ракометна сцена. Улогата на шеф на стручниот штаб успешно ја извршуваше од моментот кога на клупата го наследи Илија Темелковски.
„Денеска спогодбено ја прекинавме соработката со Никола Матлиевски. Му благодариме на овој стручњак за максималната посветеност и професионализмот во работата во изминатите четири години и му посакуваме многу среќа во идните ангажмани“, потврдија од раководството на Тинекс Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА