Пролет славеше на контролата против ГА

Суперлигашот Пролет продолжува со победите во подготвителниот период, откако по триумфот над Јуниор КВ од 30-27, оваа екипа денеска славеше над скопскиот ривал ГА со резултат 35-31. Тренерот Лембанов не можеше да смета на неколку повредени играчи, шанса повторно добија дел од помладите ракометари, кои ќе понесат дел од товарот и во вториот дел од сезоната, во кој Пролет ќе се натпреварува во плејофот од македонскиот шампионат.

Првото полувреме донесе ефикасен ракомет на двете страни, нешто поумешни беа ракометарите на Пролет, кои на одмор заминаа со водство од 16-13. ГА заигра нешто подобро во вториот дел, па кон средината на второто полувреме нашиот противник направи пресврт и поведе со два гола предност. Пролет сепак се рабуди кога беше најважно, го сврте резултатот во своја полза и на крајот славеше со конечни и заслужени „плус четири“.

Тинекс Пролет в среда ќе одигра контролен натпревар со тимот на Вуштрија од Косово, каде тренер е македонскиот стратег Ристо Магдинчев, а серијата пријателски средби пред продолжението од сезоната ќе ја завршиме со саботниот дуел со РК Бутел.

Се вчитува...