Пролет славеше во Куманово, Радовиш остана суперлигаш

Ракометарите на Тинекс Пролет го совладаа тимот на Куманово, и така се доближи до првото место на табелата во плеј-аутот. Во последниот меч против Радовиш му е потребен само бод за да ја осигура оваа позиција, но и двата тима обезбедија и претходно опстанок, па  така ова за нив беше еден вид ревијален натпревар и можност да се испробаат некои нови варијантаи.

Тинекс славеше на крај со 22-27. Разликата ја направи во вториот дел, откако на полувремето замина само со еден гол предност (11-12). Клучна за победата беше серијата на Пролет во финишот на мечот, кој од 23-21, дојде до 27-21 со четири голови по ред, по што немаше веќе враќање за домашниот тим. Палевски даде девет гола, осум голови постигна Мице Шилегов. Кај Куманово, Димевски постигна осум погодоци.

Радовиш успеа да дојде до потребната победа над Прилеп, и да го осигура местото во Супер-лигата и идната сеозна. На крајот славје на домаќините со 33-31 во драматичен финиш. Во последните мигови се влезе со нерешен резултат 30-30, а потоа радовишани успеаја да стигнат до потребниот триумф.

Здравко Постолов со 13 голови го носеше тимот на Радовиш до оваа победа. Кај Прилеп, пак, се истакна Шабановиќ кој постигна десет голови

Се вчитува...