Ракометниот клуб Пролет пред вечерашниот дуел со Алкалоид му врачи благодарница на Иван Џонов, за придонесот што овој ракометар го даде за тимот во годините што ги мина носејќи го дресот на скопскиот суперлигаш. Претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски пред натпреварот покрај благодарницата му подарија на Џонов дрес со бројот 18, што го носеше во Тинекс Пролет.
Џонов ги мина младинските категории на Тинекс Пролет, по што се промовираше како значаен адут и во првата екипа на овој клуб. Тој беше младински репрезентативец на Македонија на СП во Алжир, а беше дел и од сениорската репрезентација на Македонија на последниот мундијал што се одржа во Полска.
Претходно, скопскиот клуб имаше сличен гест и за Михаил Аларов и Томи Јагуриновски, кои зимава го напуштија Пролет и за соодветна отштета потпишаа договори со Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА