Раководството на Пролет активно работи на засилување на играчкиот кадар за следната сезона, потпишувајќи договори со двајца нови ракометари.
Од денеска нов член на Пролет е Влатко Јовчевски, десното крило кое доаѓа од редовите на Вардар. Воедно, засилена беше и позицијата лево крило, на која во Пролет се врати поранешниот играч на оваа екипа, Стефан Трајковски, кој минатата сезона ја мина во дресот на Борец од Велес.
„Задоволни сме од овие двајца ракометари, кои ќе ни бидат големи засилувања за крилните позиции. Го задржавме костурот на тимот од лани, во преговори сме со неколку македонски бекови, со што би формирале конкурентен тим во битката за врвот на табелата“ – оптимистички најавуваат од Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА