Ракометарите на Пролет очекувано славеа убедлива победа против Борец со 42-26 во натпреварот од 14.коло во македонската Супер лига. Со новите три бода, скопскиот суперлигаш се искачи на третата позиција со бод, но и натпревар повеќе од Бутел кој сега е четвртопласиран со 27 бода. На втората позиција сега е Охрид кој беше поуспешен во дуелот со Радовиш со 41-32.
Велешани кои се борат да го одржат клубот во живот и покрај финансиската криза, во Скопје допатуваа само со 11 ракометари и максимум што можеа да сторат беше достојно да му парираат на домаќинот. Избраниците на тренерот Никола Матлиески уште од стартот поведоа со 5-1 и беа целосно супериорни во првата четвртина од натпреварот во која константно ја зголемуваа предноста. Со извонредна серија од 5-0, на десетина минути пред крај на првиот дел се одлепија на 14-6, а на одмор заминаа со водство од 18-11.
Во вториот дел, Пролет ја задржа контролата на играта и на резултатот и рутински стигна до деветтата победа сезонава во Супер лигата.
Михаил Аларов постигна осум гола во победата на Пролет, по седум гола запишаа Бојан Манев и Стефан Трајковски, а шест запипа Иван Џонов. Во тимот на Радовиш лидер во нападот беше Борис Илиевски со дури 11 погодоци.
Во првиот натпревар од ова коло, ракометарите на Охрид беа супериорни во дуелот со Радовиш (41-32). Охриѓани во победата ги предводеше Бобан Блажески со 10 гола. Дарко Георгиевски постигна осум , а Иван Тасески запиша седум погодоци. Во гостинскиот тим Божидар Симиќ постигна 10, а Диме Илиев заврши со осум погодоци.
Убедлива победа во ова коло запиша и Пелистер во дуелот со Вардар Јуниор (41-27). Пелистерци во триумфот ги предводеа Табангуе Черубин со девет и Милан Поповиќ со осум гола. Во составот на Вардар Јуниро ефикасна партија одиграа Стефан Крстевски со 10 и Дејан Кукуловски со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА