Пролет со нов играч на стартот на подготовките за плејофот

Пролет со денешната прозивка на тренерот Александар Јовиќ и официјално го означи стартот на подготовките за вториот дел од сезоната, во кој скопскиот клуб ќе се натпреварува во плејофот, каде ќе води битки со најдобрите екипи од македонската ракометна сцена.

На првиот ден од подготовките се појави и новото засилување на Тинекс Пролет, левиот бек Никола Анакиевски кој пристигна од редовите на Аеродром.

Александар Јовиќ пристигна на кормилото на Тинекс Пролет неколку седмици пред крајот на Супер-лигата, а одличниот стратег сега ќе има доволно време за да ги види на дело сите ракометари, но и да помогне за нивна уште подобра физичка подготвеност за периодот што следи. Планот предвидува во наредниот период да се тренира по два пати дневно, за кондициска подготовка ќе се работи со кондицискиот тренер Мартин Мојсовски, а договорени се и четири контролни средби, по две со градските ривали Вардар и Голден Арт.

Се вчитува...