Пролет состави квалитетен тим за новата натпреварувачка сезона во Супер-лигата, но клубот паралелно со тоа инвестира и во младинската школа и во пониските возрасни категории. Во тој правец, денеска беа потпишани договори со пет нови ракометари, перспективни играчи кои доаѓаат од редовите на Мулти Есенс.
Станува збор за:
Давид Младеновски, 18-годишен лев бек
Стефан Велков – 17-годишен среден бек
Дамјан Димитриевски – 18-годишно лево крило
Андреј Ниновски – 18-годишно десно крило
Алек Алексовски – 19-годишен лев бек.
„Петмината ракометари до лани го носеа дресот на Мулти Есенс, а летово доаѓаат да го засилат Тинекс Пролет. Планот предвидува тие да се развиваат преку младинските категории, но и да тренираат со првиот тим, во обид да се наметнат кај тренерот Лембанов кој веќе се покажа како стратег што е подготвен да даде шанса на млади и перспективни ракометари. Стефан Велков беше дел од тимот на вчерашниот меч со Еурофарм Пелистер 2 на турнирот во Прилеп (победа од 22-12)“, објави РК Пролет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА