Пролет со супер-пресврт триумфално со Радовиш

Ракометарите на Пролет триумфираа со 24-26 во 5. коло од плеј-аут фазата во Супер лигата на Македонија, за зацврстување на првата позиција на табелата.

А, натпреварот почна сосема негативно за момците на Матлиески во првото полувреме во кое Радовиш имаше предност и од дури осум гола, 12-4 и 13-5.

Сепак, демонстрирајќи максимален карактер со одлична серија, Пролет најпрво уште на полувремето дојде до негатива од само 14-12. А, во серија од 0-8, на почетокот од второто полувреме гостите дојдоа и до предност од 14-15.

Во продолжението низ игра гол за гол, Пролет ја одржуваше предноста од еден до два гола, за да во 55. минута дојде и до водство од 22-25 што веќе го означуваше патот до победа, на крајот и за конечни 24-26.

Најефикасен во победничката екипа беше Ласко Андоновски со шест гола а по пет запишаа Андреј Стојановски и Давор Палевски. Четири гола постигна Стефан Атанасовски. Кај Радовиш се истакна искусниот Ивица Илиев со седум погодоци.

Се вчитува...