Пролет ја продолжи перфекцијата во плејаутот од Суперлигата откако во 6. коло славеше на домашен терен против Прилеп со 27-24. Домаќините кои важеа за фаворит на денешната средба по воведниот грч успеаја да го наметнат свеото темпо во нападот и одбраната, стигнаа до „комотна“ предност и истата не ја испуштија до крајот.
Отварањето на натпреварот им припадна на гостите од Прилеп кои стигнаа до водство од 2-6, но домашниот состав навремено ги консолидираше своите редови. Пролет од минута во минута ја топеше негативата, а до полувремето стигна до изедначување од 11-11. Налетот на Пролет не престана ниту по полувремето, а отварањето со серија од 5-1 донесе комотна предност во преостнатиот дел од мечот. Домаќините во еден момент имаа и предност од 22-15, но опуштањето во самата завршница го искористија гостите кои само го ублажија поразот.
Иван Џонов беше енигма за Прилеп со девет гола, а него го следеа Аларов со пет гола и Пејовиќ со четири. Марко Трајковски беше најрасположен кај гостите со седум дола, додека по пет постигнаа Шокоски и Чантурија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА