Ракометарите на Пролет стигнаа до убедлива победа на гостувањето против „фенерџијата“ Радовиш (20-28), прв триумф за избраниците на Александар Јовиќ на гостински терен оваа сезона. Она што го најавија беше и реализирано, гостите одиграа максимално фокусирано во текот на целиот меч, не го потценија противникот, а таквиот професионален пристап придонесе рутински да стигнат до посакуваните бодови.
Готите од самиот старт заигра цврсто во одбраната, поведувајќи со 1-5 и потоа зголемувајќи го убедливото водство како што одминуваше времето. Бахар беше во главна улога со седум гола во првото полувреме што тимот на Пролет го заврши со 8-14. Јовиќ направи неколку промени во тимот, но неговиот состав продолжи да доминира и преку Мајнов и Димковски стигна и до двоцифрена предност (10-21). Јовиќ до крајот им даде шанса и на уште дел од младите играчи на Пролет, но тоа не се одрази врз резултатот, па скопскиот клуб заслужено славеше со убедливи 20-28.
Бахар го заврши мечот со осум гола за Пролет, по пет постигнаа Димковски и Андоновски, додека кај Радовиш прв стрелец беше Здравко Постолов со четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА