Ракометарите на Тинекс Пролет се максимално мотивирани во пресрет на денешниот дерби натпревар од третото коло во Супер-лигата против екипата на Металург (19 часот, сала „Македонско Сонце“). Станува збор за пресметка меѓу две екипи со максимален ефект по почетните две рунди, а избраниците на Матлиески по почетните победи над Охрид и над Металург2 ќе се обидат да го земат скалпот и на главниот фаворит во Супер-лигата.
„Стартот е онаков каков што го посакувавме, а почетните победи над Охрид и над Металург2 ја кренаа атмосферата во екипата. Металург е клуб со реноме кој ќе влезе како фаворит на оваа средба, но ние немаме што да загубиме. Мораме да одиграме најдобро што знаеме, да се бориме за секоја топка и доколку ни се укаже шанса да стигнеме до победата“ – истакна Доне Мајнов во пресрет на денешниот меч со „металурзите“.
Во останатите натпревари од третото коло се среќаваат Вардар јуниор – Бутел, Пелистер – Охрид, Радовиш – Струга и Работнички – Металург 2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА