Скопскиот суперлигаш Пролет успешно ги финишираше подготовките во Маврово, на кои тренерот Матлиески имаше можност да ги вклопи новите засилувања Пецаковски и Палевски во тимот чиј „костур“ е задржан од претходните сезони. Акцентот беше ставен на подобрување на физичката подготвеност по повеќемесечната пауза од терените, а во последните денови се почна и со тактички подготовоки за претстојната сезона.
Периодот на воигрување допрва следи, па така за наредните денови се закажани пет пријателски натпревари на кои Матлиески ќе може да го воигра тимот пред премиерниот меч против Јуниор Кисела Вода. На 25 и на 26 август Пролет ќе одигра две пријателски средби против Работнички, а за 27 август е предвидена пресметката со Металург.
На 2 септември на домашен терен Пролет ќе го пречека тимот на Прилеп, по што ќе следи последната контролна средба, на 6 септември против вицешампионот Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА