Борусија Дортмунд само благодарение на убедливата гостинска победа од 0-3 против Спортинг во Лисабон си обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.
На реванш дуелот вечерва натпреварот во Дортмунд заврши без голови, па „милионерите“ без многу мака си обезбедија продолжување на европската пролет.
Сепак, Борусија и вечерва беше блиску до победата. Но, најпрво Жираси во 59. минута не успеа да реализира пенал, а потоа Емре Чан во 74. минута постигна гол кој се чинеше дека ќе значи и нова победа за „милионерите“, но веднаш беше поништен по ВАР интервенција поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

