Шпанскиот прволигаш Жирона имаше епска несреќа вечерва во поразот во Лигата на шампионите од Феенорд на домашен терен од 2-3. Еден од трагичарите за домашниот тим беше нашиот Бојан Миовски кој во својот прв старт во Лигата на шампионите промаши пенали во 67. минута при резултат 1-2. Само осум минути по промашениот пенал тој беше заменет.
Домаќните поведоа со 1-0 со голот на Лопез во 19. минута. Гостите израмнија на 1-1 со автоголот на Херера во 23. минута. Миламбо донесе целосен пресврт во 33. минута (1-2) резултат со кој се замина на пауза, иако гостите не реализираа пенал преку Уеда во 36. минута.
По промашениот пенал на Миовски во 67. минута, Жирона сепак стигна до изедначување преку Дони ван де Бек во 74. минута. Конечните 2-3 беа поставени со нов автогол на домаќините, овојпат Крејчи во 79. минута.
Timon Wellenreuther (Feyenoord) penalty save against Girona 67'
byu/Meladroitdimage insoccer
Во вториот натпревар од раната програма вечерва во ЛШ, Аталанта славеше против Шахтрјорд Доњецк со убедливи 0-3. Стрелци на головите за калчолигашот беа: Џимшити, Лукман и Беланова.
Shakhtar 0-3 Atalanta – Raoul Bellanova 48'
byu/Meladroitdimage insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА