Црвена Звезда е на добар пат да ја прекине соработката со Девонте Грем, еден од кошаркарите кои воопшто не ги оправаа очекувањата по летниот трансфер во редовите на белградскиот клуб.
Грем почна сосема солидно, но потоа следеше повреда по која бекот никако не успеваше да влезе во посакуваниот ритам. Тој дојде во Црвена Звезда како играч со НБА-педигре, но не успеа да се вклопи во тактичките замисли на тренерот Саша Обрадовиќ. Бекот воопшто не влегуваше во игра на претходните четири средби, а денеска не се најде ниту на списокот играчи за мечот со Виена.
Информациите на српските медиуми говорат дека 30-годишниот кошаркар веќе и си ги зел патиките за тренинг при напуштањето на салата во текот на вчерашниот, како јасна најава дека разделбата од клубот е се поблиску.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

