Натпреварот на Чаир во 1/8 финалето на Купот помеѓу Шкупи и Тиквеш можеше да биде со поинаков резултат ако Тиквеш реализираше голема шанса.
Играчот на Тиквеш Мирза Идризовиќ се посрамоти, откако не реализираше во празната мрежа од само 3-4 метри. Доби топка од својот соиграч од десната страна, но не се снајде пред голот, па топката му мина под ногата.
Затоа во 29. минута стигна и казната за ова промашување. Цветаноски го доведе Шкупи во водство од 1:0.
Погледнете ја ситуацијата:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА