Хрватска одигра срамно прво полувреме во Ријека против Англија, па избраниците на Славен Билиќ по првите 45 минути имаат огромна негатива од 0-4.
Гостите целосно доминираа и ја наполнија до врв мрежата на Ливаковиќ, Хрватите имаа една шанса, и тоа стопроцентна што дефинитивно може да се нарече промашување на кариерата на Матео Ковачиќ.
Фудбалерот на Сити украде една топка длабоко на противничката половина, го мина и голманот на Англија, а кога се чинеше дека реализацијата ќе биде само рутина тој шутираше крај дирекот.
Неверојатното промашување на Манчестер Сити можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
