Промашување на кариерата на Самуел Ето (видео)

Самуел Ето со години наназад важи за голгетер од највисока класа, но како што се приближува до пензија Камерунецот се почесто промашува стопроцентни шанси.

Сепак, она што не го реализираше на синоќешниот дуел меѓу Анталија и Османлиспор сигурно се вбројува меѓу најголемите промашувања во неговата кариера, откако екс-голгетерот на Барселона и Интер од само два три метри не успеа да ја затресе празната мрежа на противникот.

За среќа, тоа не се одрази врз конечниот исход бидејќи Анталија славеше со убедливи 3-0, а резултатот го отвори токму Ето.

Се вчитува...