Шкотското првенство, или втората лига на шкотскиот фудбал, не е толку популарно, барем надвор од Шкотска, но сега ќе најде место на сите насловни страници, после промашувањето и тоа двојно на двајца играчи, кои се најдоа осамени пред голот на противникот. На крајот топката не заврши во мрежата.
Станува збор за мечот помеѓу Рајт и Сент Џонсон, кој заврши без голови. Но, моментот од 14-тата минута уште долго ќе се прераскажува.
Токата најпрво дојде до напаѓачот Џон Фаулер, кој успеа да ја погоди пречката од еден метар. Но, во продолжението на акцијата топката стигна до Стентон, кој шутираше кон празниот гол, а таму му се испречи токму Фаулер, кој во улога на голман ги спаси противничките играчи. Две неверојатни промашувања за Сент Џонсон.
Еве како изгледаше тоа низ видео:
WHAT IS HAPPENING IN SCOTLAND😭😭😭 pic.twitter.com/irQPnhYJiJ
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) February 20, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

