Промашувањето на Манчестер Јунајтед од 85 милиони евра, би можело да заврши во Рома

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, наскоро би можел да се пресели во редовите на Рома.

Како што објавува „Тајмс“, Рома испратила понуда до Манчестер Јунајтед за позајмица на англискиот репрезентативец. Санчо не се истакна во Челси минатата сезона и лондонскиот тим одлучи да не го купи.

Манчестер Јунајтед го донесе за 85 милиони евра, но тој долго време не е во преден план на „Олд Трафорд“.

Наводно, и Бешикташ е заинтересиран да го доведе во своите редови.

Се вчитува...