Промена на Ф1 календарот – Повторно ќе се вози во Имола

Почетокот на годинашната сезона во Формула 1 ќе биде пролонгиран поради рестрикциите во врска со коронавирусот во Австралија и Кина. По првичниот календар, тоа се првата и третата трка, а засега договорено е сезоната да почне во Бахраин на 26. март.

Големата награда на Австралија е одложена за ноември, од 19. до 21., а преговорите во врска со новиот датум за кинеското гран-при се уште траат. Во календарот е додадена легендарната патека Имола во Италија, од 16. до 18. април, која ќе се вози повторно откако минатата година се одржа прво гран-при по пауза од 2006 година.

 

Се вчитува...