Динамо Загреб одигра разочарувачки во првиот дел од сезоната во хрватскиот шампионат, а слабите резултати во последниот месец придонесоа отказ да добие Ненад Бјелица, а на нгово место да биде доведен Фабио Канаваро.
Управата во меѓувреме работи напорно на доведување на нови фудбалери, а на листата засилувања на „модрите“ речиси сигурно нема да се најде Мислав Оршиќ. Крилниот офанзивец е слободен играч и беше подготвен да потпише договор со Динамо, но тој беше голема желба на Бјелица и ситуацијата целосно се промени по заминувањето на хрватскиот стратег. Канаваро бара класичен напаѓач и Оршиќ повеќе не е приоритет за „модрите“, па последните информации говорат дека тој е многу блиску до потпис за Ријека.
Во меѓувреме, Динамо Загреб ги интензивираше преговорите за камбек на друг бисер кој до неодамна ги бранеше боите на овој клуб. Лука Иванушец има разочарувачка полусезона во Феенорд и холандскиот гигант веќе го стави плејмејкерот на трансфер-листа. Самиот Иванушец не крие дека сака да се врати надвор во Динамо, а клубовите веќе почнаа преговори за позајмица до крајот на сезонава, со клаузула за откуп во јуни 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА